Македонската држава и Македонската православна црква – охридска архиепископија (МПЦ-ОА) очекуваат Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија која МПЦ не ја признава под нејзиното име туку само како Охридска на кое ни му додаваме архиепископија, име кое не го признава БПЦ.
Единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос е оној кој го издава Вселенската Патријаршија, било констатирано на средбата меѓу претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и Вселенскиот патријарх, Вартоломеј во Истанбул.
Пендаровски искажа благодарност до Вартоломеј за улога која ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со МПЦ-ОА.
„Преку неговата одлука од 9 мај 2020 година, денес нашата Црква се наоѓа во канонско единство со другите православни цркви, прифатена како рамноправна со сите останати. Со одлуките на Вселенската Патријаршија на нашата Црква и се признава правото на користење на името Охридска Архиепископија, што значи црковен континуитет од 1000 години“, вели Пендаровски.
Тој вели дека целосното заокружување на процесот на автокефалност е и од врвен национален интерес.
По повеќе од половина век минатата година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.
Македонската црква сега очекува Томос од Вселенската патријаршија за автокефалност како Охридска со што очигледно се согласува и црквониот и државениот врв.