Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5 вели дека ги разбира фрустрациите поради предолгото чекање, но во исто време порачува дека Европската унија и Македонија имаат заедничка корист од членството на земјава во Унијата.

Во смисла на гаранции како што знаете во овој процес, во овој пристапен процес има многу делови, многу моменти во пристапниот процес кога има потреба одлуките да бидат носени едногласно. Важно е дека има одговорност од наша страна да се осигураме дека кога тие одлуки ќе дојдат, тие ќе бидат носени врз основа на реформите кои државата ги има за ЕУ, а не за други прашања. Тоа беше во смисла на тоа што Претседателката Фон дер Лајен и Претседателот Мишел го пренесоа кога го посетија Скопје, минатиот јули. Секако, тоа е многу важен елемент. Најдобра гаранција да се оди напред е да се спроведат тие реформи бидејќи тоа е најбрз начин за влез во ЕУ, истакна Гир во интервјуто за Канал 5.