Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.
На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Франција, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.
Претседателот Пендаровски, соопшти денеска неговиот кабинет, изразил задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Пендаровски истакнал дека Македонија во Франција гледа искрен пријател и сојузник во остварувањето на стратешките цели.
По вчерашното објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2019 година, претседателот Пендаровски изразил очекување дека Европскиот совет, согласно препораката на Европската Комисија, ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство.
– За остварување на следниот чекор, одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ ја очекуваме поддршката и од Француската Република, нагласил претседателот Пендаровски на средбата.