Виталните институции на оваа држава не функционираат, не ги сервисираат граѓаните и не ги сузбиват киминалот и корупцијата на она ниво кое е неопходно за да кажеме дефинитивно дека сме зрела демократија, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка.
– Имаме долги децении зад нас, не години, во кои многу институции, вклучително и политичките, не реагираа така како што требаше да реагираат и затоа сме во оваа ситуација во која сме. Едноставно, граѓаните сметаат дека институциите кои се платени од нивни пари, не си ја вршат својата работа. Повторувам, не зборувам само за судско-обвинителскиот комплекс, туку генерално, виталните институции на оваа држава не функционираат и не ги сервисираат граѓаните и не ги сузбиваат криминалот и корупцијата на она ниво кое е неопходно за да кажеме дефинитивно дека сме зрела демократија, вели Пендаровски за Гласот на Америка на македонски.