Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за ТВ Телма призна дека новиот амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски бил подолг период визитинг професор и предавал на Путиновата Академија во Москва.

Фрчкоски неодамна со указ токму од Пендаровски беше назначен за амбасадор во Њујорк, откако не доби дозвола да биде амбасадор во Вашингтон.

Но, Пендаровски, покрај другото рече дека Фрчковски не бил осуден за никакво кривично дело во земјава.

Пендаровски рече дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не завршила со обвинителен акт, ниту со пресуда.

– Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната. За обвинувањата од пријавен карактер има полициски записник, има пријава во полициска станица, земена е изјава од тогашната сопруга, земена е изјава од Фрчкоски и полицијата ги упатува да го решат спорот на суд. Во казнената евиденција на Судот кој ја консултираа од МНР и од мојот Кабинет, нема кривична пријава по тој повод, изјави Пендаровски.

Тој ја објасни и целата процедура за именување на амбасадори.

– Според меѓународната пракса околу 90 дена се чека согласност од државата каде што сакате да го праќате. По 90 дена многу ретко доаѓа негативен одговор, обично ви текнува дека не е тој човек за кандидат. Во март Владата ми го предлага Фрчкоски за амбасадор. Неполн месец после тоа, не после два-три-пет дена, па да речат овие не го сакаат, добивам нов предлог од тогашната Влада за Њујорк, рече Пендаровски.

Тој посочи дека во законот постојат неколку услови кои оневозможуваат кандидат да биде амбасадор, како што е двојното државјанство, ако е осуден за некое дело на подолго од шест месеци затвор и ако е осуден за кривично дело кое го прави недостоен за амбасадорска функција.

Пендаровски ги потврди информациите дека знаел за соработката на Фрчкоски со научната институција на рускиот претседател Путин.

Како што е познато, Фрчкоски пред Пендаровски да потпише указ за испраќање во ОН беше одбиен за амбасадор во Вашингтон од страна на САД каде македонските власти сакаа да го испратат на дипломатска мисија.

Целото интервју на Пендаровски може да се отвори ТУКА: