Претседателот Стево Пендаровски преку Твитер упати благодарност до САД за ратификацијата на протоколот за НАТО, покрај на англиски и македонски и на албански јазик:

– Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. Ние сме НАТО, напиша Пендаровски.