Во Втората светска војна се убиени над 500.000 Роми низ Европа и Балканот. Загрижувачки е што денес, и во современите демократски општества, се сè уште живи историските неправди кон Ромите, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил.

– Наша заедничка историска и цивилизациска одговорност е јавно да се спротивставиме на ваквите појави, за трагедиите од Втората светска војна никогаш да не се повторат, порача шефот на државата Пендаровски.

Обврска е на претседателот на сите граѓани на Република Македонија да се грижи за правата на Ромите во светот, како што е цивилизациски да се грижи и за правата на Македонците кои не само што ги немаат основните човекови права на школување на мајчин јазик туку во „современи демократски општества“, како што се Бугарија и Грција, членки на ЕУ, се негира и дека постојат Македонците.