По вчерашната партиска прослава на најголемиот македонски национален празник на Мечкин Камен, каде што многубројната полиција од МВР, како и партиска на СДСМ ги дистанцираше тие што не се одушевуваат од власта, владејачката партија денеска соопшти за „масовно, гордо и достоинствено“ славје.

Еве го целото соопштение:

Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката.

Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава.

Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.

Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел.

Центар за односи со јавноста на СДСМ