Утринава Кристијан Пендиков, кој беше претепан на 19 јануари, го даде своето прво сведочење пред истражителите во Охрид.
Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по неговото лекување во Софија. Тој мора да го опише нападот и причините за нападот.
По инцидентот, обвинителството во Охрид соопшти дека делото било сторено „поради бугарската етничка припадност на Пендиков“.
На последната судска седница еден од напаѓачите Илија Спасески гордо изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен.“ При тепањето случаен минувач викал да престанат, а обвинетиот Илија Спасески одговорил: „Не вреди за Бугарин да се повика полиција“, а двајцата напаѓачи продолжиле да го тепаат Пендиков. Оваа информација ја обелодени обвинителот во случајот.
Пендиков беше секретар на локалното бугарско здружение, кое заедно со сите останати во земјава веќе е затворено. Пред тоа, во неколку наврати имаше пукотници и обиди за вандализам врз клубот.
Кристијан Пендиков неодамна стана бугарски државјанин. Бугарскиот пасош му беше врачен на церемонија на која присуствуваа и лично му го врачија пасошот претседателот Румен Радев и поптрепседателката на Бугарија Илијана Јотова.