Бугарската потпретседателка Илијана Јотова утре ќе му ги предаде пасошот и други бугарски лични документи на охриѓанецот Кристијан Пендиков, на церемонија со највисоки државни почести.

На 10 мај, среда, во 13 часот и 30 минути по македонско време, на свеченост во Гербовата сала потпретседателката Илијана Јотова на македонскиот државјанин Кристијан Пендиков ќе му ги предаде бугарските лични документи.

Илијана Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство.

Секретарот на здружението Цар Борис Трети во Охрид, кој е роден овој град, од неодамна има бугарска самосвест.

Пендиков пред неколку месеци беше нападнат и претепан во Охрид, а брзо потоа со бугарски владин авион беше пренесен на лекување во Софија.