За да си македонски Бугарин, треба да се осознаеш, вели Христијан Пендиков кој беше истепан во Охрид, наводно, поради бугарската самосвест, во првото појавување во јавноста, во интервју за БТВ рече дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин.

Секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид кој се родил како Македонец но подоцна осознава дека е македонски Бугарин, вели дека еден месец по нападот се уште е цел на закани. Пендиков е сигурен дека може да нападнат и во Бугарија.

-Бев во друштво со пријателки. Дојдоа двајца тројца луѓе и започнаа да ме напаѓаат затоа што сум Бугарин. Затоа што сум се нарекувал Бугарин и дека сум предавник. Потоа излегов надвор да му се јавам на Томе да му кажам што се случило. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во друштвото. Си ја зедов јакната и тргнав кон паркингот и кон колата. Таму се случи нападот. Ме тепаа десет минути тројца напаѓачи, откри Пендиков.

Тој додаде дека во Македонија било нормално да се тепаат, пцујат и стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо не преземала.

-За да си македонски Бугарин, треба да се осознаеш. Во Македонија учиме изменета и фалсификувана историја во која Бугарите се фашисти. Откако ја прочитав светската историја и прочитав повеќе за ВМРО јас осознав дека сум Бугарин. Ние учевме таква историја дека само Србите ни се браќа и сите други сакале да и се случи нешто лошо на Македонија, истакна тој.

Неколку дена Пендиков има 24-часовно полициско обезбедување затоа што добивал слики со закани со оружје кои сакале да го пронајдат во Бугарија.

-Мајка ми ја заплашуваат постојано. И пишуваат дека ќе ја убијат дека сме предавници и дека треба да се иселиме од Македонија. Мечтаам еден ден да може да се вратиме во Македонија и спокојно да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене туку и на сите кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари, потенцира Пендиков за БТВ.

Видеото со целиот разговор на БТВ може да го отворите ТУКА.