Пасошот ме прави Бугарин колку што возачката возач, тоа е формално правен документ, изјави охриѓанецот Христијан Пендиков, секретарот на бугаскиот клуб Цар Борис III на денешната свечена церемонија на која му беше врачен бугарски пасош од страна потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
На церемонијата со највисоки државни почести Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло, пренесе Плусинфо.
– Голема чест ми е што ти ги дадов бугарските документи. Од денес ти си заштитен од бугарската држава и ќе ги имаш правата секој Бугарин и од денес си граѓанин на ЕУ. Во основата на уставот е вербата во човечките вредности, во слободата и рамноправноста. Врховниот закон вели сите да ги почитуваме правата на индивидуата, истакна Јотова обраќајќи му се на Пендиков.
На преносот во живо на Бугарското национално радио на Фејсбук коментарите се дека Јотова си направила пи-ар со Пендиков, а еден од коментарите е дека пасошот на Бугарија е само формален документ кој ништо не значи.
– Сакам да им се заблагодарам на претседателот на Република Бугарија, на заменик-претседателот, на сите министерства, кои ми помогнавте, на сите пријатели. Благодарност до полицијата, која секојдневно се грижеше и сè уште се грижат за мојата сигурност затоа што ме заплашуваат. Сакам да му се заблагодарам и на докторот кој уште ми помага, како што им помага и на македонските Бугари, кои се трудат за нашата кауза, рече Пендиков.
Пендиков пред неколку месеци беше истепан во Охрид, а потоа со владин авион однесен итно во Софија на лекување.
Видеото може да го отворите ТУКА.