Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон во момент на политичка криза околу Брегзит.

Завршувајќи ја еднонеделната турнеја низ Европа, Пенс му заблагодари на Џонсон што издвоил време за него „во многу тензичен момент за Обединетото краластво“. Британскиот премиер обидувајќи се да ја намали драмата околу Брегзит истакна дека „тука секогаш е тензично“.

Пенс му пренесол поздрави од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека САД „ја поддржуваат британската одлука за излез од ЕУ и се подготвени, сакаат и можат веднаш да преговараат за договор за слободна трговија со Британија“.