Најмалку 23 луѓе загинаа при синоќешната експлозија во илегална фабрика за пиротехнички материјали во Индија.

Од експлозијата во фабриката, лоцирана во градот Батала, во индиската сојузна држава Пенџаб, разурнати и оштетените се неколку околни згради.

Во инцидентот повредени се 17 луѓе, од кои четворица се во тешка здравствена состојба.

Полицијата почна истрага против раководството на фабриката со обвинение дека предизвикале смрт од небрежност.