Пентагон денеска соопшти дека одобрил воена помош во вредност од 250 милиони долари за поморските и копнените сили на Украина.

Со ова, воената поддршка што САД ја обезбеди за Украина од 2014 година досега, достигна 1,5 милијарди долари.

Новата помош ќе им даде на украинските вооружени сили можност да обезбедат вооружување и радари за вооружениот конфликт со проруските сепаратисти во источна Украина, во кој за пет години загинаа речиси 13.000 луѓе