Стејт департментот и одобри на Украина можност за обука и одржување борбени авиони Ф-16, заедно со соодветна опрема во пакет вреден 310 милиони долари, објави Пентагон.
Неколку дена пред тој договор, Украина и САД потпишаа договор, силно промовиран од американскиот претседател Доналд Трамп, што му дава на официјален Вашингтон преференцијален пристап до нови украински договори за минерали во замена за финансирање на обновата на Украина.
Украина претходно доби Ф-16 од сојузниците на САД како дел од трансферот на борбени авиони одобрен од администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.