Американските воени сили соборија повеќе беспилотни летала и неколку проектили истрелани од јеменските бунтовници хути врз бродови во Црвеното Море, соопшти Пентагон.
„Нема оштетувања на бродови во областа или повредени“, соопшти Централната команда на Пентагон во објавата на социјалните мрежи. Тие соопштија за уништени 12 беспилотни летала, три ракети за уништување бродови и две ракети за копнени напади во период од 10 часови.
Претходно, бунтовниците Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз брод во Црвеното Море и нападот со беспилотно летало кон Израел во знак на солидарност со Газа.