Во израелска операција во палестински камп во северниот дел на окупираниот Западен Брег рано утринава загинаа шест лица, а многу други се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Шесте лица загинале во израелските воздушни напади врз кампот Нур Шамс во близина на градот Тулкарем, каде што биле стационирани и израелски војници.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, повеќе од 300 Палестинци на окупираниот Западен Брег биле убиени од војници, а во некои случаи и од израелски доселеници.