Русија, во неколку бранови во текот на ноќта, лансираше четириесет и шест нападни беспилотни летала врз Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство. Киев истакна дека воздушната одбрана на украинските воздухопловни сили соборила триесет и два дрона.

Повеќето беспилотни летала биле пресретнати на територии низ кои минува линијата на фронтот – на исток и на запад, најмногу во областа Херсон, се вели во објавата на Военото воздухопловство на Украина на апликацијата „Телеграм“.

фото: архива