Русија ќе распореди свои најнови хаубици во северниот воен округ што се граничи со Финска и Норвешка, изјави шефот на државниот одбранбен конгломерат Ростек.

– Тестирањето на новите самоодни артилериски единици е завршено и нивното масовно производство е веќе започнато, изјави Сергеј Чемезов, шефот на Ростек, додавајќи дека првата пилот серија ќе биде испорачана до крајот од 2023 година.

„Мислам дека наскоро ќе се појават таму (во Северниот воен округ), бидејќи хаубици од таа класа се потребни за да се обезбеди предност пред западните артилериски модели во однос на дострелот“, рече Чемезов.

фото: архива/илустрација