Пензионери го блокираа денеска излезот на Неготино откај Гевгелија, бараат пензионерски права, најниската пензија да биде најмалку 20 илјади денари, линеарното покачување да е по 5.000 денари за секој пензионер.
-Мораме да издржиме и да стоиме на нашите одлуки. Не смееме да се откажеме, нагласи пензионерката Ката Апостолова.
Пензионерот Методи Петров, претседател на Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, повика на поголема масовност, за коригирање на неправдата што им е направена на пензионерите.
На местото на настанот сообраќајот го регулираат припадници на полицијата. Се пропуштаат итните случаи. Возилата што транзитираат во овој дел кај спортската сала, се пренасочуваат по алтернативни улици. На тие што не им се чека до десет часот, додека трае блокадата, за Скопје и Гевгелија одат преку Кавадарци.