Пензионери од повеќе градови од сите делови на Македонија и денеска излегоа на протести и протестни маршеви и побараа линеарно зголемување на пензиите за 3. 500 денари, револтирани од политичарите и другите избрани функционери кои своите плати си ги зголемија за 78 отсто, а на пензионерите им се понудени само 6 отсто од септември.
Пензионерите кои земаат помали пензии се пожалија дека тие не им се доволни за да можат достоинствено да живеат. Тие велат дека со минималните пензии не може да ги платат давачките, да земам лекарства и за храна, а цените дека се зголемени. Пензионерите велат дека минималната пензија на стасува за покривање на основните потреби, затоа треба да се зголемат, за да не бидат социјални случаи.
Тие велат дека 30-40 години издвојувале средства во Фондот за пензиско и затоа надлежните треба да ги прифатат нивните барања.
По втор пат група пензионери од Тетовско денеска пред објектот на Здружението на пензионери јавно го изразија револтот од ниските пензии и дадоа поддршка на барањата за зголемување на пензиите.
Овој пат, тие почнаа и да собираат потписи од пензионерите со цел и на тој начин да ги поддржат барањата за поголеми пензии.
-Бараме како линеарно покачување на пензии, потоа бараме на позитивна листа да се стават лекови кои досега ги немало, а пензионерите не се во можност да ги набават, поради високите цени. Собираме потписи да видат колку има незадоволни пензионери поради ова процентуално зголемување, што сметаме дека е ништо во однос на нивните покачувања од 78 посто. Редно беше да се слушне и гласот на пензионерите, изјави Дивна Зафировска.
И тетовските пензионери најавуваат дека во понеделник ќе дадат поддршка на протестот во Скопје.
– Во понеделник се оди во Скопје, ги молам сите пензионери кои се во можност во 9.30 да си дојдат пред Веро за да одиме на протест во Скопје. Имаме доволно потписи, без разлика на националност, кои даваат поддршка за покачување на малите пензии, овој живот е многу тежок живот. Не се преживува со 12 илјади. Како што ќе биде минималната плата, да биде и минималната пензија, изјави Летка Мишовска.
Во Тетовско има околу 13 илјади пензионери.
Пензионерите од Кочани денеска по втор пат организираа протестен марш и собир на кој побараа линеарно зголемување на пензиите, како и обезбедување дрва за огрев или поддршка во плаќањето на дел од трошоците за електрична енергија.
На собирот пред просториите на Здружението на пензионерите беше нагласено дека причина за протестот е лошата состојба во која се наоѓаат пензионерите, посебно оние со најниски пензии кои не можат да си ги купат основните прехранбени продукти и лекарства.
– Крајно време е Владата да се погрижи за нас, бидејќи и ние имаме право на живот. Затоа, бараме линеарно покачување на пензиите по 3.500 за секој пензионер. Пензионерите со најниска пензија да добијат по три кубни метри огревно дрво или во ист износ да им биде платен надоместот за струја, како и обезбедување бесплатни лекарства за хронично болните пензионери, истакна Моне Ѓоргиев, претставник на пензионерите од Кочани.
Присутните на протестот повторија дека во кочанскиот регион има над 6. 200 пензионери, a линеарното покачување ќе биде поправедно, затоа што повеќе од половината од нив земаат пензија под 15 илјади денари.
Протестен собир денеска организираа и пензионерите од општина Виница, при што беше дадена целосна поддршка на иницијативата за линеарно зголемување на пензиите.
Пензионерите од Берово денеска организираа протестен марш и собир на кој побараа линеарно зголемување на пензиите.
На собирот пред просториите на Здружението на пензионерите беше нагласено дека причина за протестот е лошата состојба во која се наоѓаат пензионерите, посебно оние со најниски пензии кои не можат да си ги купат основните прехранбени продукти и лекарства.
Протестен собир денеска организираа и пензионерите од општина Виница, при што беше дадена целосна поддршка на иницијативата за линеарно зголемување на пензиите.
Пензионерите протестираат и бараат зголемување на минималната пензија за најмалку 3.500 денари, иако едно од барањата е таа да не биде помала од 3.500 денари.
Протести и протестни маршеви денеска имаше во многу градови во Македонија и од сите пораката е дека го поддржуваат заедничкиот масовенпротест на сите пензионери закажан за 14 август во Скопје.