Флорентино Перез, претседател на Реал Мадрид и претседател на новоформираната Супер лига, искажа големи очекувања од создавањето на натпреварувањето.

– Ќе му помогнеме на фудбалот на секое ниво и ќе го однесеме на заслуженото место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт со фанови од четири милијарди луѓе. Наша одговорност, одговорност на големите клубови е да ги задоволиме потребите на овие луѓе, рече Перез.

Доцна синоќа беше објавено дека во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус и уште осум клуба кои ќе им се придружат подоцна.