Златко ПЕРИНСКИ
Ја повикувам градоначалничката на град Скопје, да не ги отпушта од работа стотината вработени во ЈП Водовод и канализација -Скопје, кои чесно и со пот вадат парче леб за своите фамилии, а се вработени со времени договори, една, две или повеќе години, односно дел од нив се наследени и од претходното раководство.
Во периодот од 05.07.22 до 07.07.22 во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, извршен е инспекциски надзор од страна на Државен инспекторат на труд, за кој има записник, дека се е кристално чисто и дека Водовод е институција каква што не постои во Македонија, каде сите влезови и излези се евидентирани на електронски систем, како и со потпишани пропусници и за службен и за приватен излез на вработените.
Покрај записникот, на кој јасно пишува дека нема никаква забелешка, добивме и усна пофалба.
Исто така сакам да дадам целосна подршка на денешното соопштение, кое синдикатот (СУТКОЗ) при ССМ го пушти до јавноста, каде се бара од градоначалничката да се запре постапката, со која 100 фамилии ќе останат без парче леб и без егзистенција.