Во 19.00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, 18-годишната Н.Ј. од Неготино, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, удрила во пешак.
Се работи за 62-годишниот Ф.Р. од Неготино кој. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.