Авионот во кој се наоѓаше рускиот претседател Владимир Путин беше придружуван од ловци Су-35С на руските воздушни сили додека не слета во Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ловците носеа стандардно оружје од различни класи. Авионите Су-35С полетаа од оперативниот аеродром во Русија во тешки временски услови со силен дожд и ветер. Со ловците управуваа пилоти од прва класа“, рече Песков.

Тој додаде дека за поддршка на воздухопловните сили за претседателскиот авион имале посебни дозволи за летање од земјите над чија територија лета авионот на Путин и им се заблагодари на тие земји за нивната соработка.

Фото:ЕПА