Цивилите можат слободно да ја напуштат фабриката за челик „Азовстал“, додека милитантите мора да го положат оружјето, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков повторувајќи го истиот став на претседателот Владимир Путин.
Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол.
– Претседателот јасно стави до знаење дека цивилите можат да излезат и да заминат каде сакаат. Милитантите мора да го положат оружјето и исто така да излезат. Нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска помош, истакна Песков, притоа реторички прашувајќи „Што има да се преговара во овој случај?“.