Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Не, не е можно, беше одговорот на Песков на новинарско прашање дали Ердоган може да посредува во разговорите меѓу Москва и Киев, но потврди дека на вчерашната средба меѓу Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин станало збор за Украина.
Путин и Ердоган разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Казахстан.
– И покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор, рече Путин.
Фото: ЕПА