Нема видливи основи за подобрување на односите меѓу Русија и Европската Унија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не гледам никаква причина да се надевам на подобрување на нашите односи со Европа. Сегашните политичари, сегашната генерација политичари на власт, се конфронтациски настроени, не само со зборови, туку и со дела“, рече Песков.

Според него, европските политичари целосно го мобилизираат воениот потенцијал на Европа и го насочуваат против Москва, директно учествувајќи во воени операции против Русија.