Рускиот претседател Владимир Путин со разбирање прифати дел од предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп, изнесени за време на нивниот вчерашен телефонски разговор, а кои се однесуваат на деескалација на конфликтот во Украина, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Во текот на разговорот, претседателот на Русија со разбирање прифати некои предлози од американска страна за чекори насочени кон деескалација – изјави Песков, додавајќи дека, токму на иницијатива на Трамп, најголемиот дел од разговорот бил посветен на Украина.

По телефонскиот разговор, Трамп објави дека Русија се согласила да испорачува дизел-гориво за американскиот и светскиот пазар со цел да помогне во намалувањето на цените, потег што предизвика остри критики од Украина.

Истовремено, Путин му го пренел на Трамп и ставот на иранската страна за можно решение на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, усогласен претходно со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Двајцата лидери разговараа во Туркменбаши, Туркменистан, на маргините на самитот на Заедницата на независни држави (ЗНД), додаде Песков.

фото: архива