Дел од патниците од автобус кој се враќал од Грција се во изолација, откако пристигнале во Македонија на 20 јули. Во автобусот имало 26 патници од кои пет се позитивни на ковид-19, а шестиот треба да се тестира утре, објавуваат медиумите повикувајќи се на информации од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ).

Засега се издадени решенија за изолација за 13 лица. Од ДЗСИ велат дека епидемиолишка анкета на контактите е во тек.

– Од лицата кои во текот на вчерашниот ден се вратија од одмор од Грција до овој момент решение за позитивни лица упатени на домашно лекување имаме 5 позитивни и 13 решенија издадени по основ на контакти, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова за Сител.

Д-р Бухова рече дека епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е се уште во тек и оваа бројка може да биде променета.