Љубопитна жена од колумбискиот град Ла Вирџија се прослави на Интернет откако се појавија фотографии од нејзиното спасување од решетките на вратата на соседите, во кои и се заглавила главата.

Неименуваната „загрижена сосетка” помина пет часа помеѓу металните шипки додека не ја извлекоа пожарникарите.

Таа тврди дека сакала да провери дали нејзините соседи биле дома, но оти не можела да ја врати главата кога ја повлекла низ решетката. На крајот, некој го слушнал нејзиниот повик и ја повикал полицијата.

Не е јасно дали сакала да шпионира, но успеа да ги насмее и нејзините спасувачи и луѓе на социјални мрежи.