Жртвите се туристи, кои во поголема група се шетале околу вулканот на Вајт Ајленд непосредно пред тој да еруптира. Според полицијата, 23 луѓе се спасени, но предупреди дека бројката на жртви би можела да расте. Агенциите соопштуваат дека дел од нив се сериозно повредени и итно транспортирани на брегот, а најмалку еден е во критична состојба. Премиерката Џесинда Ардерн изјави дека во моментот на ерупцијата имало група од околу 50 луѓе на островот, меѓу кои и странски туристи.