Претседателот Стево Пендаровски смета дека реториката на бугарскиот премиер Кирил Петков многу се разликува од таа на неговите претходници.

-Знаете со какви навреди се соочувавме во минатото. Петков не оди по тој пат и кога зборува, исто како да зборува Нелсон Мендела. Секоја негова изјава има внатрешна конотација и се држи до тоа што е негова надлежност, истакна Пендаровски по положувањето цвеќе по повод 150 години од раѓањето на револуционерот и деец, Гоце Делчев.

Што е Нелсон-манделовски во оваа изјава на Петков со која ни го краде симблот на македонската борба за слобода, веројатно само Пендаровски знае.