ПЕТКОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ВО БИТОЛА: Работиме многу за успех – правата на Бугарите во РСМ е вашиот пат кон ЕУ

/ 16.04.2022

Премиерот на Бугарија Кирил Петков, денеска од Битола по повод отворањето на култирниот центар „Иван Михајло“ уште еднаш потврди дека исполнување на праваа на Бугарите во Македонија, е патот на државава кон ЕУ.

– Тука треба да покажеме дека не може да се игра меѓу партиите. Треба да се игра национално. Имаме обединетство. Тој мост треба да го искористиме дека правата треба да бидат исполнети. Бугарски интерес е Македонија да биде дел од ЕУ. Бевме во Софија со Ковачевски. Колку повеќе имаме вакви дејствија како денеска, врска и граѓаните се чувствуваат заедно како една општост, толку е подобро. Политичарите одат и заминуваат, но делата остануваат. Како во Софија, така и во Битола, тоа се знаци кои влијаат на добрососедството, изјави Петков.

Тој надополни дека само со обединување може да имаме мир, стабилност и економски развој на Балканот.

– Ако немаме мир и стабилност на Балканот, ако не можеме да ги подигнеме границите, да не можат да работат бизнисите, ако нема една визија дека заедно можеме се да постигнеме не можеме ништо да постигнеме, изјави Петков.

Тој рече дека двете страни во моментов работат многу на наоѓање решение за спорот.

– Двете страни работат многу. Треба да стигнеме до една општа позиција, не само во Бугарија туку заедно со С. Македонија и да се јасни. Ние имаме рамки, имаме се. Јасно е дека за сите нас е важно иднината на С. Македонија да биде во ЕУ. И сите области во С. Македонија треба да се чувствуваат со рамноправни права. Темата е реална, прашање е само кога, како и со какви отстапки од двете страни. Работиме многу за успех, изјави Петков.


Од истата категорија