Половина час откако лидерот на ИТН Слави Трифонов објави дека ги повлекува министрите од Владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.

Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

Прашањето е како тоа ќе му успее, доколку од него предложените министри, наместо министрите од ИТН, не добијат мнозинство во бугарскиот парламент, каде се потребни 121 глас, а сега, колаицијата има 109 гласови.

Претходно, Трифонов најави повлекување на мминистрите од таа партија кои се во владата поради две причини.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – … Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.