Бугарскиот премиер Кирил Петков им го честита Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и како што се наведува денот на „бугарската азбука, образованието и културата и словенската литература“.
– Светите браќа Кирил и Методиј и го оставија во аманет на Бугарија најголемиот и највредниот дар – пишувањето „А“ и „Б“ кои денес ги користат над 200 милиони луѓе, азбука преку која ја оставаме најсветлата трага во светската историја. 24 мај е најсветлиот празник што не прави горди што сме Бугари, нагласи тој.
Петков го прослави празникот заедно со студентите од 7. Софиски универзитет „Свети Седмочисленици“.