На 25.11.2026 околу 20:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат Студеничани-Зелениково, во атар на с.Орешани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(22) од с.Зелениково и товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(45) од с.Батинци, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел астра“, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски во Скопје, додека со телесни повреди возачот на товарното возило и неговите сопатници Р.Г.(67), И.Г.(63), двајцата од с.Средно Коњари, скопско и С.Т.(63) од с.Батинци, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.