Храброто момче останало смирено, и покрај тоа што пред негови очи се водела вистинска крвава битка, но тој смирено ги одведе преплашените луѓе кои бегаа од вооружените напаѓачи до излезот за итни случаи, спасувајќи десетици животи.

Тој јасно им стави до знаење на луѓето каде да одат за да стигнат до безбедно место.

„Најпрво слушнавме чудни звуци на првиот кат. Мислевме дека можеби дошла некоја бучна група“, објаснува Ислам.

Потоа видел дека луѓето почнале да бегаат од страв. Видел човек како го стрелаат пред него – и знаел дека мора да трча и да им помага на другите.

„Сфатив дека ако не реагирам, ќе го загубам животот и животот на многу луѓе. Искрено, беше многу страшно“, додаде тој.

Тој викал и им сигнализирал на исплашените и испаничени луѓе да го следат.

„Кога бев во толпа луѓе, одејќи до вратата да ја отворам, помислив дека терористите може да излезат од скалите или од ескалаторот и да фрлат граната или да отворат смртоносен оган. Фала му на Бога, ништо не се случи. Успеав да ја отворам вратата на време“, Ислам е благодарен што сите се живи и здрави.

Инаку, Ислам слободното време го поминува работејќи во гардеробата и играјќи фудбал за кадетскиот тим на Спартак.

Да потсетиме, во петокот на 22 март руската престолнина беше погодена од страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 133 лица, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС), а подоцна објави видео за кое тврди дека е видео од нападот во Москва.

Федералната служба за безбедност на Русија денеска по апсењето соопшти дека четворицата осомничени терористи, по нападот што го извршија во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинска страна.

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од влезот кон холот, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.