Руски борбен авион МиГ-31 пресретнал два бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство кои се обиделе да ја преминат границата, тврди руското Министерство за одбрана.

„Група авиони кои се приближуваат до државната граница на Руската Федерација е откриена со помош на надгледување на воздушниот простор над Баренцовото Море. Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Русија, борбен авион МиГ-31 лансиран во воздух“, се вели во соопштението, објавено од руската државна новинска агенција РИА.

Како што се приближуваше МиГ-31, американскиот авион ја промени брзината на летот и се сврте од руската граница, тврди Министерството. „Рускиот авион безбедно се врати во воздухопловната база. Немаше илегално преминување на државната граница на Русија“, се заклучува во соопштението.