Започна неколкудневната работна посета на Брисел каде на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешна и бeзбедносна политика, Жозеп Борел ќе учествувам на првиот Безбедносно-одбранбен форум Шуман, изјави министерката Славјанка Петровска.

– Мотото на овој Форум е „Заедно посилни во нестабилен свет“ со учеството на над 20 колеги, министри за одбрана од земјите – членки и партнерите на Европската Унија, покажува дека современиот и демократски свет е обединет во потребата за силна и блиска соработка која има една цел – глобална безбедност и стабилност, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Во Брисел, додава министерката Петровска, ќе се сретнам и со високи политички и воени претставници на НАТО и ЕУ.