Денеска на британските воени гробишта во Скопје оддаваме почит на сите паднати борци во сите војни, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Овие херои ја направија најголемата жртва, ги дадоа своите животи за она што е најдрагоцено за сите нас – мирот и безбедноста. Минатото нека ни биде поука, особено денеска кога повторно Европа се соочува со воена агресија на сопствено тло, дека нема подрагоцено и поважно нешто за секој човек од мирот и цивилизациските вредности, објави Петровска на Фејсбук.

Министерката Петровска никаде во објавата не споменува Македонија и македонски борци, а поводот е токму 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје чие ослободување од фашистичкиот окупатор е извршено од македонската војска и македонските партизани.