Нема никаква корупција во одлуката за купување на осумте воени хеликоптери од италијанската компанија Леонардо, вели министерката за обрана, Славјанка Петровска, и затоа го ставила својот потпис на договорот.
Таа вели верува во стручноста и професионалноста на македонскиот тим кој ја донел оваа одлука, оти знаат во која насока треба да оди модернизацијата на армијата.
Петровска денеска од Штип истакна дека Владите на Македонија и Италија имаат склучено договор и „обвинувањата за оваа компанија, значи и обвинување кон Италија“.
Италијанската компанија Леонардо во понудата од 230 милиони евра што ќе ги плати Македонија имала прсметано и одржување на хеликоптерите. Предвидена е и обука за пилотите кои ќе ги летаат и изградба на сместувачки капацитет, кој ќе биде дел од воздухопловниот ВИНГ во касарната Петровец.
Петровска уште еднаш потсети и тоа дека Министерството за одбрана е апсолутно подготвено за лекување на ранети украински војници.
Овие изјави Петровска ги даде во Штип каде што присуствуваше на отворениот ден за граѓаните по повод 75 години од формирањето на НАТО и четири години од членство на Македонија во Алијансата.