Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот во втората изборна единица, Владо Мисајловски со партиското раководство вечерва на покана на коалицискиот партнер присуствуваше на отворање на нов штаб во Куманово.

-Вечерва имавме убава можност, на покана на нашиот пријател и коалиционен партнер Иван Стоилковиќ, да бидеме дел од отворањето на изборен штаб во Куманово и да одбележиме 32 години од формирањето на Демократската партија на Србите во Македонија.

Голема благодарност за поканата, за преубавиот настан, но и за поддршката што ја добиваме постојано.

Продолжуваме да чекориме заедно со ДПСМ и целата коалиција до историска победа на претседателските и парламентарните избори, објави Мисајловски.