Вкуси го животот на македонски начин, на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, која е дел од бројната владина делегација на саемот.

– Автентични вкусови и уникатни изработки по кои сме препознатливи во регионот и во светот. Потврда за тоа е и наградата Трофеј на виното на Отворен Балкан 2022 година што ја добија македонските винарии Тиквеш и Камник, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Претходно денеска Петровска објави дека имала средба со српскиот колега Небојша Стефановиќ со кого договориле соработка во одбраната меѓу Србија и Македонија.