Тоа што го ширите тоа ќе ви се врати, вели министерката за одбрана, Славјанка Птеровска која го вдоми кучето кое ѝ се качи на бина додека држеше говор.

Министерката Петровска испрати порака за љубов и потсети дека Стела не ѝ било прво милениче туку дека досега имала неколку.

– Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати, Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки, сега Стела, порача Петровска.

Кучето кое од министерката го доби името Стела се качи на бината додека таа им честиташе на новите потпоручници и офицери во македонската армија. Петровска рече дека ќе го однесе на ветеринар, а потоа ќе го вдоми и дека Стела ќе биде новиот чувар во Министертсвото за одбрана.