Со гордост и чест присуствував на премиерна проекција на документарниот филм за најголемата воена вежба во С. Македонија „Брз одговор 22“, во организација на Амбасадата на Обединетото Кралство, објави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Низ објективот на камерата претставени се импресивните капацитети на армискиот полигон Криволак, отсликани преку заложбите и успешноста на НАТО силите да одговориме и да се поддржиме едни со други како сојузници. Филмот е поддржан од нашиот силен и доверлив сојузник во НАТО – Обединетото Кралство, а е во продукција на „360 степени” кои работеа заедно со 77та бригада на британските одбранбени сили. За пошироката јавност документарецот ќе биде прикажан на МРТ 1, на Денот на Армијата-18ти Август, во состав на програмата за одбележување 30 години Армија, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Таа во прилог објави и повеќе фотографии од овој настан.