Славјанка Петровска од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека изминатите години од нејзиното членување во СДСМ, партиските членови најдобро знаат колку е сработено.

– Знаат и со која динамика се вклучувам во активностите на процесите, така што со Деспотовски се знам добро и сме работеле заедно на проекти. Членството најдобро знае за секој еден од нас колку сработил во делот на партиското дејствување. Сум била вклучена во многу партиски активности. Повеќе треба да се концентрираме на нашата платформа и со што ќе настапиме пред членството. Свесни сме за слабостите, но не верувам дека потенцирајжи туѓа слабост, не сметам дека ќе ме направи поголема во очите на членството. Ќе се држам во она што е напишано во мојата програма и во она што ќе бидат моите визии пред членовите на СДСМ- вели Петровска.