Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски, рече на денешната прес конференција пратеникот, Бране Петрушевски.

Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции. Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал. Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски. СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа, истакна Петрушевски.

Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното, додаде Петрушевски.