Лицата што деновиве повикаа на тепање и убивање полициски службеници, водени од желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град“, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално.

Лицата што јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град“ во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерките, кои имаат цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.

СДС и Спасовски, да потсетиме за јавноста, во Собранието гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град“.

Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.

Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата што повикуваа на јавен линч и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?

СДС и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство и ова е повеќе од алармантно.

Почитувани,

Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго во согласност со законот, и да обезбедат одговорност за сите што испраќаат закани за насилство.

СДС и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на сè што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на „Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној што се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект.

Линк од видеоматеријал:
https://www.youtube.com/watch?v=OnVxlalioQc
https://www.swisstransfer.com/d/fb8279d8-e1c1-42d8-9ad6-ef27722956f8

ВМРО-ДПМНЕ